Полн календар.
Без повици.
Онлајн закажување, потсетници и статистика за салони за убавина и берберници, на едно место.
Бесплатно до 31 декември 2026. Без картичка.


Вашиот бизнис заслужува Possa.
Закажи во твојот салон онлајн
Побарај го салонот по име и закажи за минута, без ѕвонење.
Звучи познато?
Телефонот ѕвони додека фарбате.
Клиентите закажуваат сами, 24/7.
Празни термини во вторник наутро.
Гледате кој ден и кој дел од денот Ви е најслаб.
Клиентки што не се враќаат.
Потсетници и листа на клиенти што долго не дошле.Pro
Што добивате
Закажување
- Онлајн профил на Ваш линк
- QR картичка за пулт
- Термините се потврдуваат автоматски
- Потсетници до клиентите пред терминот

Календар и клиенти
- Календар за целиот тим
- Рачен термин, „Влезе сега“ и „Блокирај“
- Картон за секој клиент

Статистика
Приход, термини, нови и повторни клиенти. Денес, 7 и 30 дена.
ProКога сте најбарани, од каде доаѓаат клиентите, приход по вработена и попуст за клиенти.

Како се почнува
- 1
Регистрирајте се
Име на салон, мејл и лозинка. Без картичка.
- 2
Внесете услуги и работно време
Профилот е активен веднаш, уредувате од таблата.
- 3
Споделете го линкот или QR
Клиентите закажуваат сами, терминот е потврден веднаш.
Цена
Бесплатно до 31 декември 2026. Без картичка и без плаќање.
Possa
890 ден. месечно
8.900 ден. годишно · Заштедувате 1.780 ден.
- Онлајн профил и закажување 24/7
- Календар и рачни термини
- Потсетници до клиентите пред терминот
- Основна статистика (денес, 7 и 30 дена)
- QR картичка за пулт
Possa Pro
Pro1.290 ден. месечно
11.890 ден. годишно · Заштедувате 3.590 ден.
- Попуст за клиенти
- Потсетник за следен термин
- Месечен извештај на е-пошта
- Напредна статистика и CSV извоз
- Плус сè од Possa
Без провизија по термин. Клиентите закажуваат бесплатно. Без договор. Враќање на пари
Place of Style, Spa & Appointments
Кратки прашања
Колку чини?
Бесплатно до 31 декември 2026, без картичка и без плаќање. Потоа Possa е 890 ден. месечно, а Possa Pro 1.290 ден. месечно, или годишно 8.900 и 11.890 ден.
Дали има договор?
Не. Плаќате месечно или годишно. Ако не платите, претплатата не продолжува.
Дали клиентите плаќаат нешто?
Не. Закажувањето е бесплатно за клиентите. Плаќаат само за услугата, во салонот, како и досега.
Што ако клиентот не дојде?
Потсетник по е-пошта оди 24 часа пред терминот, а недоаѓањата ги гледате во картонот на клиентот.
Колку брзо почнувам?
Неколку минути. Се регистрирате, внесувате услуги и работно време и линкот Ви е активен веднаш.
Можам ли да ги внесам и термините што ми ги закажуваат по телефон?
Да. Секој термин од телефон или Viber го внесувате рачно, за да имате сè на едно место.
Дали некој друг ги гледа моите клиенти?
Не. Листата на клиенти и нивните податоци ги гледате само Вие.
Дали Possa е и за берберници?
Да. Изберете „Берберница“ при регистрација: добивате готови берберски услуги (само им ставате цена и траење), копче „Влезе сега“ за клиенти без термин и потсетник за следно шишање.